недела, 22 декември 2024

Ким и Путин разменија писма со ветување за заемна поддршка

Објавено на

часот

Сподели

Писмата ја одбележуваат 78-годишнината од ослободувањето на Кореја од јапонското колонијално владеење 1910-1945 година, што се слави и како државен празник во Јужна Кореја.

Во своето писмо до Путин, Ким рече дека пријателството на двете земји е исковано во Втората светска војна со победата над Јапонија и дека тие сега „целосно ја демонстрираат својата непобедливост и моќ во борбата за рушење на произволните практики и хегемонијата на империјалистите“, соопшти КЦНА.

„Цврсто верувам дека пријателството и солидарноста… понатаму ќе се развијат во долготрајни стратешки односи во согласност со барањата на новата ера“, наведе Ким во писмото. „Двете земји секогаш ќе излезат како победници, силно поддржувајќи се и соработувајќи меѓусебно во текот на постигнувањето на заедничките цели“, додаде Ким.

Соединетите Држави ја обвинија Северна Кореја дека ѝ испорачува на Русија оружје за нејзината војна во Украина, вклучувајќи артилериски гранати, преносни ракетни фрлачи и ракети. Пјонгјанг и Москва негираа какви било трансакции со оружје.

Минатиот месец, рускиот министер за одбрана застана рамо до рамо со Ким додека ги прегледуваа најновите севернокорејски нуклеарни проектили и нападни беспилотни летала на воената парада во Пјонгјанг. Во својата порака до Ким, Путин вети и зајакнување на билатералните врски.

„Сигурен сум дека ќе ја зајакнеме билатералната соработка на сите полиња за доброто на двата народи и цврстата стабилност и безбедност на Корејскиот полуостров и на цела североисточна Азија“, рече Путин, пренесе КЦНА.

Лидерите на Јужна Кореја, САД и Јапонија треба да разговараат за безбедносната соработка околу Северна Кореја, Украина и други прашања на трилатералниот самит на 18 август во Кемп Дејвид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ