среда, 12 март 2025

Ким Џонг Ун ги обвини САД дека намерно ја продолжуваат војната во Украина

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека Соединетите Американски Држави и други земји кои ја поддржуваат Украина во војната против Русија го продолжуваат конфликтот, додека се чини дека напорите на Вашингтон да ги седне Москва и Киев на преговори се во полн замав. Западот тврди дека сојузникот на рускиот претседател Владимир Путин, Ким Џонг Ун од есента минатата година испратил повеќе од 11.000 војници како поддршка на руските сили, за борбата против украинските сили кои држат дел од рускиот регион Курск.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Севернокорејскиот лидер изјави дека САД и други западни земји кои ја поддржуваат Украина намерно ја продолжуваат војната во Источна Европа. Ким за време на посетата на министерството за одбрана во Пјонгјанг кажа дека тие земји „имаат нереален сон за стратегиски пораз на Русија“.

Кремљ ја интензивираше својата одбранбена индустрија и значителен дел од државниот буџет пренасочи на оружените сили. Западните експерти го доведуваат во прашање колку долго руската економија ќе може да го поднесе актуелното ниво на одбранбените трошоци. „Нашата војска и народот секогаш ќе ја поддржуваат и охрабруваат праведната кауза на руската војска“, изјави Ким.

Ким во изјавата кој вчера ја пренесе државната новинска агенција КЦНА кажа: „Зад воената машинерија која ја поттикнува трагичната ситуација во Украина, која трае веќе три години и предизвикува сериозна загриженост на светската јавност, стојат САД – ентитет кој носи фиксна ознака на уривач на глобалниот мир и стабилноста“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека севернокорејски војници се повторно на боиштето. „Нови напади се случија во области на Курската операција – руската војска ги врати севернокорејските војници“, кажа тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ