вторник, 22 октомври 2024

Ким Џонг Ун: Ако нè нападнат, ќе го збришеме непријателот од лицето на земјата

Северна Кореја има голема моќ и ќе ја употребиме сета сила доколку нè нападнат, изјави лидерот на таа азиска земја Ким Џонг Ун на прославата на годишнината од севернокорејската армија, пренесува Ројтерс.

Објавено на

часот

Сподели

„Доколку непријателите се обидат да употребат сила против нашата земја, ние ќе донесеме храбра одлука. Нема да се двоумиме ни секунда и ќе ја промениме историјата. Ќе ја искористиме сета наша воена моќ, а таа е голема, за да го збришеме непријателот од земјата“, изјави Ким Џонг Ун при посетата на Министерство за одбрана на Северна Кореја.

Кога ги спомна непријателите, тој првенствено мислеше на своите соседи, Јужна Кореја, која ја означи како непријател број еден.

„Уште еднаш повторувам, никогаш нема да водиме дијалог и преговори со Јужна Кореја“, додаде Ким Џонг Ун.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ