петок, 18 октомври 2024
Парите ќе бидат дадени за лекување на друго болно дете

Кико почина, не дочека да се лекува во Турција за каде граѓани собраа 50.000 евра со донации

Објавено на

часот

Сподели

„Те засакав како помал брат, ова е најтешкиот ден во мојот живот.. Се дадовме за тебе, се бореше до крај како вистински победник, но за жал не успеа. Многу те сакам, многу ќе ми фалиш братче мое. Еден ден ќе се сретнеме и ќе си кажеме за многу работи кои останаа недокажани. Ти ме научи што значи да сакаш да живееш… Почивај во мир Кико“, напиша Лазаров.

Дваесетгодишното момче Кико требаше да биде лекувано со матични клетки во Истанбул. Тој имаше многу ретка и тешка болест која брзо прогресира и за кратко време доведе до сериозна состојба. Парите се собрани за четири дена, а семејството започнува постапка за стопирање на телефонските броеви за донации. Лекувањето во Турција беше 50.000 евра. Кико последно се лекуваше во приватна болница во Скопје, каде лекарите се бореа за неговиот живот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ