Унгарската нафтено-гасна компанија МОЛ соопшти дека од понеделник стапува на сила нов договор за транзит на нафта од Русија во Европа преку Украина, според кој МОЛ добива сопственост над нафтата, почнувајќи од белоруско-украинската граница.
„МОЛ склучи договори со добавувачи на нафта и операторите на нафтоводот за да обезбеди непречено снабдување со сирова нафта преку нафтоводот Дружба од Русија преку Белорусија и Украина до Унгарија и Словачка. Новата процедура за добивање на нафтата е целосно усогласена со сите релевантни санкции и регулативи, меѓу другото на ЕУ и Украина“, се наведува во соопштението на компанијата.
„Компанијата МОЛ соопшти дека тие во моментов се сопственици на нафтата која транзитира низ Украина, што нам ни одговара. Ова не е руска компанија“, кажа Шмигал на конференција за медиумите.
Во согласност со договорот од 9 септември 2024, нафтата која доаѓа од Русија станува сопственост на МОЛ на границата на Белорусија и Украина.
Унгарските власти во август изјавија дека МОЛ е спремен да ги преземе ризиците за испорака на нафта од Русија од руско-украинската граница и да ја плати разликата во цена ако Киев ја прифати оваа шема.
Европската комисија на крајот на август го одби барањето на Унгарија и Словачка да посредува во консултациите со Украина поради санкциите кои Киев ги воведе против руската компанија Лукоил.