„Непријателот напредува во областите Авдеевка, Маринка и Лиман“, напиша украинската функционерка на Телеграм и додаде дека руските сили напредуваат и во областа Сватово.
Според неа, ситуацијата е „прилично тешка“ и во тоа подрачје се водат „жестоки борби“.
Таа кажа дека украинските сили напредуваат со „делумен успех“ јужно од Бахмут на исток, како и кај Бердијанск и Мелитопол на југ.
Малијар кажа дека на југ украинските сили наидуваат на „интензивен отпор на непријателот“, како и на мински полиња, и дека напредуваат „постепено“.
„Украинските сили континуирано и неуморно работат на создавање услови за што побрзо напредување“, додаде таа.