сабота, 19 октомври 2024

Киев: Прекин на огнот ќе значи победа на Русија

Објавено на

часот

Сподели

„Секое сценарио на прекин на огнот и замрзнување на војната во Украина во овој момент ќе значат само едно – победа на Русија и личен триумф на (рускиот претседател Владимир) Путин“, порача Подолјак на Твитер.

Во тој случај, според него, меѓународното право би изгубило секаква сила и би бил воведен „закон на џунглата“.

„Војната ќе стане орудие за постигнување политички цели, а бројот на судири и хаоси во светот драматично ќе се зголеми. На сите ќе им стане јасно: можно е да се изврши инвазија на друга земја, да се заземе нејзин дел, таму да се организира масакр и да се воспостави право на сила на оваа територија со преќутна согласност на светот“, додаде советникот на Володимир Зеленски.

Подолјак наведе дека тоа би бил „голем пораз на западниот свет“ и „крај на сегашниот глобален безбедносен поредок“.

„Замрзнувањето на војната нема да го прекине конфликтот и нема да ги намали маките на украинскиот народ. Напротив, ако Москва задржи половина Украина и отиде на пауза, ќе почне да се подготвува за следниот круг“, смета украинскиот функционер и додава дека Русија, по промените на лидерите во клучни западни земји, би почнала „поголема, покрвава и подобро подготвена војна“.

Порача дека во сегашната ситуација не може да има преговарачки процес, и дека статус квото на бојното поле мора да се смени. „Тоа значи повеќе оружје, проектили и авиони“, заклучи Подолјак.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ