„При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил ауди со кичевски регистарски таблички управувано од З.Р. и по преземени мерки, констатирале дека тој бил под дејство на алкохол, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело безобѕирно управување со моторно возило“, соопштија од МВР.