петок, 28 февруари 2025

Кети Пери ќе лета во вселената заедно со уште неколку познати жени

Американската поп-пејачка Кети Пери наскоро ќе лета во вселената заедно со уште неколку жени, меѓу кои и вереницата на Џеф Безос, Лорен Санчез, објави вселенската компанија Блу ориџин.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Летот ќе биде „напролет“, соопшти вселенската компанија во сопственост на Амазон.

Тоа ќе биде 11-ти лет со екипаж на Блу ориџин, која веќе неколку години нуди летови за вселенски туризам благодарение на својата ракетата Њу шепард.

Покрај Кети Пери, во вселената ќе летаат и свршеницата на Џеф Безос, филмската продуцентка Кериен Флин, како и основачот на невладина организација која се бори против сексуалното насилство, Аманда Нгијен.

За време на летот, кој трае неколку минути, патниците можат да се откачат од своите седишта и накратко да лебдат во нулта гравитација.

Целосно автоматизираната ракета полетува вертикално и капсулата се одвојува во лет, пред да се врати на Земјата, забавена од падобрани и ретро-погонско гориво.

Цената на билетите се чува во тајност.

Главниот конкурент на Блу ориџин за овој тип на летови е Вирџин Галактик, кој нуди слично искуство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ