„По сериозните обвинувања на бегалецот од Будимпешта на сметка на Заев кој наводно изнел огрома сума на пари од Македонија со приватен авион и истите ги ставил на банкарска сметка во Дубаи, на потег е ЈО кое итно мора да отвори истрага за овие тврдења.
Се надевам дека ЈО нема да биде ниту глуво, ниту слепо (како многу пати досега), туку сериозно ќе се зафати со истрага на овие тврдења“, напиша Кекеновски на својот фејсбук-профил.
Поранешниот премиер Никола Груевски на фејсбук напиша дека Зоран Заев инвестира во изградба на кула со 82 ката во Дубаи, вредна над 600 милиони евра, со средства стекнати преку масовен рекет и злоупотреба на власта. Според Груевски, голем дел од парите биле пренесени со приватен авион и депонирани на банкарска сметка во Дубаи. Тој исто така тврди дека Заев подготвува нова инвестиција во друга азиска држава.