Во Скопје вчера се казнети 333 учесници во сообраќајот. Покрај казнетите 119 возачи за брзо возење, изречени се и 24 казни за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на црвено светло, 18 мерки за користење мобилен телефон при возење, 16 санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Сообраќајните акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР и апелираат да се почитуваат сообраќајните знаци и правила.