четврток, 26 декември 2024

Казнети 33 возачи кои бесправно управувале возило, 8 немале возачка дозвола

Во акциска контрола на сообраќајната полиција на територијата на Македонија, во периодот од 9 до 13 часот, изречени се 198 санкции за сообраќајни прекршоци. При контролата, санкционирани се 33 возачи поради бесправно управување на возилото, а осуммина возеле без возачка дозвола. Во посебна контрола низ Скопје казнети се 13 лица кои возеле без возачка дозвола.

Објавено на

часот

Сподели

На вонреден технички преглед биле упатени 55 возила, а кај 16 биле констатирани технички неисправности.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, седум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, шест санкции за користење мобилен телефон при возење. Изречени се и четири мерки за некористење сигурносен појас, пет санкции за непрописно престројување при возење.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ