Од нив, како што информираат од МВР, 13 возачи управувале со возилата со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а еден со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 173 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 133 надвор од населено место.
Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелират до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.