„Интензивно се работи на затворениот базен, што првенствено ќе се користи за децата од основните и средните општински училишта, но и рекреативно ќе можат да го користат и сите други граѓани. Проектот е финансиран од Агенцијата за млади и спорт, откако претходно Општината донесе детален урбанистички план за предметната локација и ги обезбеди сите услови за непречена изведба на лице место“, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
Инвеститор на проектот е Агенција за млади и спорт во соработка со Општина Кавадарци.
Базенот ќе биде со димензии од 25/9 и длабочина од 1,20 метри.