„Вчера околу 07:40 часот во Кавадарци, од страна на полициски службеници биле приведени кавадарчаните В.С.(32) и А.Р.(26). Приведувањето било поради тоа што при извршена проверка во нивните патнички возила хјундаи и сеат со кавадаречки регистарски ознаки, биле пронајдени и одземени дабови огревни дрва. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок“, соопштија од СВР Велес.
Како што информираа оттаму, рано изутринава во 3:30 часот, полициски службеници го привеле А.М.(23) од Неготино, затоа што агресивно се однесувал кон неговиот брат и неговиот татко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.