Касано поради проблеми со срцето при враќање од едно гостување ја загуби свеста, но и комуникацијата, па по неколкудневни тестови беше утврдено дека има проблеми со срцето и дека е потребна хируршка интервенција за да се реши проблемот. Два и пол месеци откако му беше извршена операцијата, Касано се враќа со лесни тренинзи.
Лекарскиот тим на Милан по серијата испитувања утврдил дека Италијанецот е подготвен да се врати на терените, но сè уште е нејасно кога под полн интензитет ќе започне да работи плејмејкерот и дали постои шанса тој до мај да конкурира за националниот тим на „аѕурите“ пред претстојното Евро 2012 во Полска и Украина.