Кириан Родригез стана симбол на Лас Палмас и инспирација со својата издржливост и одлучност.
Дефанзивецот во 2022 доби лоши вести, му беше дијагностициран рак или поточно Хочкин лимфом. Но тој успеа да ја победи болеста, да се врати во тимот и да помогне Лас Палмас да се врати во Примера.
Сепак, Кириан Родригез денеска се појави пред новинарите и соопшти дека го чека нова пауза, докторите го известиле дека ракот се вратил и мора на нов циклус хемотерапија.
„Вчера ме известија дека ракот се вратил, ќе морам да паузарам барем шест месеци и да добивам нов циклус хемотерапија“ – вели Кириан Родригез.
„Сакав да бидам јас тој кој ќе ви го каже ова, дека е време да го ставам фудбалот во мирување и повторно да се борам со оваа болест. Се надевам дека ќе се видиме во сезоната 2025/26 и Лас Палас ќе игра во Примера“.