сабота, 27 јули 2024

Кандидатите за претседател ќе се соочат утре, недела, на МРТ во 20 часот

Седумтемина претенденти за функцијата претседател на Македонија ја прифатиле понудата на Македонската радио телевизија за дебата и таа ќе биде пренесува утре вечер во 20 часот.

Фото: П.Џ.

Објавено на

часот

Сподели

Од јавниот сервис за 360 степени, чија емисија редовно се емитува преку Јавниот сервис, ја потврдиле информацијата дека сите кандидати за шеф на државата ја прифатиле поканата за дебата, откако денеска и актуелниот претседател и претендент за втор мандат, Стево Пендаровски соопшти дека ја прифатил поканата.

Како што веќе објавивме, Пендаровски денеска ја соопшти својата изјава дека ја прифатил поканата за дебата, иако останува на ставот дека треба да се расчисти случајот со индиции за лажни анкети за рејтинзите на кандидатите и партиите поврзан со Македонската радио-телевизија.

Пендаровски претходно во неколку наврати иницираше т.н. мастер-дебати кои, како што неодамна соопштија од неговиот изборен штаб, нема услови за да се одржат. Тој инсистираше таа дебата да биде со сите кандидати и на неутрален терен. Но, како што е познато, некои од кандидатите не сакаа соочување со Стевчо Јакимовски, затоа што бил на американската црна листа, и со Билјана Ванковскаа поради нејзините „наративи“.

Останува да се види дали ќе се оствари најавата за утрешно комплетно соочување пред првиот круг од претседателските избори и останува да се верува дека нема да има ново изненадување до утре вечерта. Како што е тоа често во политиката, се чини, особено во домашната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ