сабота, 27 јули 2024

Делегацијата на ЕУ и амбасадата на САД воздржани за измените во Законот за рестриктивни мерки

ЕУ немаше можност детално да го испита предлогот за ова прашање. Како и секогаш, ЕУ ќе го разгледа секој таков законски проект од перспектива на усогласување со ЕУ и меѓународните стандарди, се вели во одговорот на Делегацијата на ЕУ во Македонија за нивен коментар за предложените измени во Законот за рестриктивни мерки кои предизвикаа негативни реакции од експерите.

Објавено на

часот

Сподели

„Што се однесува до реформата на судството и владеењето на правото, Извештајот на Европската комисија за земјата, скрининг извештаите и неодамнешната мисија за рецензија даваат јасни препораки во однос на патот напред. Спроведувањето на препораките од овие документи ќе донесе опипливи придобивки за граѓаните и ќе ја унапреди земјата на патот кон ЕУ“, се вели во одговорот на Делегацијата на ЕУ во Македонија.

Од амбасадата на САД во Македонија беа воздржани во однос на овие измени затоа што се уште се во фаза на предлог.

Предлогот на Владата „црните листи“ на САД и на Велика Британија да станат дел од македонското законодавство наиде на негативни реакции на истакнати македонски правници, а и на дел од политичарите.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ