сабота, 27 јули 2024

Идниот технички премиер Џафери е против црните листи на САД да станат дел од нашиот правен систем

Мојот став се совпаѓа со ставот на експертите. Тоа не е уствно. Предложените измени цо Законот за рестриктивни мерки не може да бидат дел од внатрешниот правен поредок, изјави Талат Џафери, кој од денеска веќе не е претседател на Собранието, а се очекува од недела да стане премиер на техничката влада на Македонија. Тој за поткастот Поилитканти зборуваше и за законските измени со кои т.н. „црни листи“ на САД и на Велика Британија треба да станат дел од нашето законодавство.

Објавено на

часот

Сподели

„Такво нешто не е предвидено во Уставот. Не сум за таква варијанта, тоа да се вметне како законско решение. Тоа не може да е дел од правниот систем. Се знае како меѓународен акт може да стане дел од внатрешниот правен поредок. Треба да е билатерален или мултилатеране договор врз принципите на меѓународното право и истиот треба да се верифицира од двете страни или мултилатерално и да стане дел од правниот поредок“, рече Џафери за ова прашање за кое голем број експерти се изјаснија дека планираните измени на Владата едноставно не се уставни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ