вторник, 11 февруари 2025

Канаваро по еден месец би можел да го напушти Динамо Загреб

Тренерот на Динамо, Фабио Канаваро би можел да го напушти кормилото откако отказ доби спортскиот директор Марко Мариќ, човекот кој го донесе италијанскиот стратег на клупата на овој тим.

Објавено на

часот

Сподели

По нешто повеќе од еден месец легендата на италијанскиот фудбал, Фабио Канаваро би можел да го напушти Динамо.

Според „24сата“, Канаваро изразил подготвеност да замине по отказот на спортскиот директор Марко Мариќ.

Раководството на Динамо веќе разговарало и со потенцијалниот нов тренер, се работи за Жељко Сопиќ, поранешниот стратег на Риека и Горица кој во моментов е без ангажман.

Во случај на заминување на Канаваро, се верува дека токму Сопиќ ќе биде новиот тренер на Динамо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ