Ристовски беше стартер на мечот, но во игра излезе во 59. минута, беше заменет и тоа не го прифати најдобро.
При замената остави впечаток дека не се поздрави со тренерот, Фабио Канаваро, па по натпреварот италијанскиот стратег одговараше на прашање поврзано со тој настан.
„Не, не, не беше така, ми ја подаде раката. Ако не ми ја подадеше ќе го убиев! Ха, ха, ха… Но, скрши шише кое ќе мора да го плати“, низ шега прокоментира Канаваро.