петок, 31 јануари 2025

Канадскиот премиер за воведувањето царини: Ако Трамп преземе акција, тоа ќе го сториме и ние

Канада ќе одговори веднаш и силно доколку САД ја спроведат заканата од воведување царини, изјави денеска премиерот Џастин Трудо, предупредувајќи ги Канаѓаните дека може да се соочат со тешки времиња. Претседателот Доналд Трамп го одреди утрешниот ден како краен рок за воведување царини од 25 отсто за увоз од Канада и Мексико. Тој вели дека сака посилни потези за да се запре протокот на илегални имигранти и опијатот фентанил во САД.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Трудо, во говорот пред советодавниот совет за канадско-американските односи, рече дека земјата се наоѓа во критичен момент.

„Подготвени сме на одговор – наменски, силен, но во исто време разумен и непосреден одговор. Тоа не е она што го сакаме, но ако тој почне да делува, ќе го направиме и ние “, рече тој во изјави за телевизија, додавајќи дека сите опции се на маса.

Канада испраќа 75 отсто од своите извозни стоки и услуги во САД, а доколку Трамп ги исполни своите закани за царини, канадската економија ќе биде сериозно погодена.

„Нема да користам меки зборови, но морам да ве предупредам дека нашата нација може да се соочи со тешки времиња во деновите и неделите што следат“, изјави Трудо.

„Знам дека Канаѓаните можеби се вознемирени и загрижени, но сакам да знаат дека федералната влада и сите нејзини вработени стојат цврсто и решително“, заклучи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ