Филмот „Втор чин“ ќе биде премиерно прикажан в среда, во 20 часот, во киното „Синеплекс“, во Скопје сити мол.
Се работи ексклузивна премиера во регионот и филм со којшто се отвори овогодишното издание на Канскиот фестивал, во режија на Кантен Дипје, со Леа Сејду, Луј Гарел и Венсан Лендон во главните улоги.
„Дипје исклучително вешто ги заобиколува клишеата, спротивставувајќи ѝ се на политичката коректност. Филмот е полн со спонтан хумор“. (Фигаро)
„’Втор чин’ е несоменено еден од најдобрите филмови на Дипје: прецизно режиран носи рекордно долги кадри“. (Пари-Мач)
„Дипје е неуморен: тој ‘поставува на сцена’ четворица збунети ликови и создава од нив една апсурдна фикција. Вистински успех!“ (Ехо)