петок, 18 октомври 2024

Кампањата на Трамп: Откако е покренато обвинението, собравме 6,6 милиони долари

Објавено на

часот

Сподели

„Претседателот Трамп собра повеќе од 6,6 милиони долари откако „полудениот“ Џек Смит најави политичко кривично гонење“, напишаа вчера од кампањата на Трамп во е-пошта до поддржувачите, мислејќи на американскиот обвинител што го истражува. Повеќе од 4,5 милиони долари се собрани преку дигитално собирање средства, додека 2,1 милиони долари биле собрани од донаторски настан во вторникот во клубот Бедминстер на Трамп во Њу Џерси.

Портпаролот на Трамп, кој е фаворит за републиканската претседателска номинација во 2024 година, подоцна изјави за Ројтерс дека собирањето средства надминало 7 милиони долари откако беше покренато обвинението во четвртокот.

Трамп е обвинет за незаконско задржување доверливи владини документи откако ја напушти Белата куќа и за заговор и попречување на федералната истрага за ова прашање. Трамп во вторникот пред судот се изјасни за невин по обвиненијата.

Тој се обиде да ги оквалификува обвинувањата како напад предводен од демократите за да го исфрлат од претседателската трка, а кој на крајот е дизајниран да им наштети на републиканците, од кои 30 отсто се сметаат за непоколебливи поддржувачи на Трамп.

Анкетата на Ројтерс и Ипсос покажува како функционира стратегијата на Трамп – големо мнозинство републиканци, околу 81 отсто, веруваат дека обвиненијата се политички мотивирани.

Трамп исто така ужива во зголемено собирање на средства поради обвиненијата во случајот со мито исплатено на порно ѕвезда. Откако во март беше објавена веста дека Трамп ќе биде обвинет, неговата кампања собра 7 милиони долари за три дена, според високиот советник Џејсон Милер.

Според неодамнешниот извештај на Ројтерс, групата поврзана со кандидатурата на Трамп за републиканска номинација поставува рекорди за политички трошоци на почетокот на претседателската кампања, додека Трамп се обидува да го надмине својот најблизок ривал, гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ