петок, 18 октомври 2024

Две лица загинаа откако камион возел во спротивен правец на патот Битола-Прилеп

Две лица од Прилеп загинаа, а едно е повредено во тешката сообраќајна несреќа што се случила утрово пред 8 часот на патот Прилеп – Битола на излезот од градот, во близина на селото Лагово.

Објавено на

часот

Сподели

Сообраќајката настанала во директен судир меѓу патничко возило тојота со прилепски регистарски таблички кое се движело кон Битола и камион кој се движел во обратен правец, кон Прилеп.

Екипите на Противпожарната единица уште се обидуваат да го изгаснат огнот зашто во директниот судир возилата се запалиле.

Екипите на полицијата и основното јавно обвинителство вршат увид на лице место, а магистралниот пат Прилеп – Битола е во целосен прекин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ