петок, 7 февруари 2025

Камион усмрти 46-годишен пешак во Струмица

Д.Т. (46) загина вчера откако во сообраќајка што вчера се случила на булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица. Камион-влекач „ман“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.С. (56) од Богданци, удрил во пешакот Д.Т. од село Ангелци, струмичко.

Објавено на

часот

Сподели

Во информацијата на МВР се наведува дека во несреќата пешакот бил тешко повреден и бил пренесен во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош, каде подоцна починал.

За настанот бил известен јавен обвинител од ОЈО Струмица, по чии насоки телото на починатиот било дадено на обдукција.

Извршен бил увид и од увидна екипа од СВР Струмица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ