Пред многубројните верници се организираше и богата културно – уметничка програма со музичката група „Доминанта“ и Ангел Стојкоски, а настап имаше и фолклорниот ансамбл „Македонско Сонце” од Диселдорф.
Црквата „Свети Климент Охридски“ ќе биде од огромно значење за повеќе од 10 илјади македонски православни верници во Берлин и околината.
Планот за изградба на црква е подготвен од страна на архитектот Елена Цонева и добиено е одобрение за градење од страна на надлежните институции во Берлин.