четврток, 6 февруари 2025

Камбовски: Комисијата што ќе врши увид во случаите против Јованов треба внимателно да постапува

Комисијата првично треба да изврши увид во предметот за возачот што ја усмрти Фросина Кулакова, рече денеска Александар Камбовски, претседател на Судски совет, одговарајќи на новинарски прашања.

Објавено на

часот

Сподели

Во врска со формирањето на комисијата која треба да утврди дали имало пропуст во претходните судски постапки за обвинетиот Јованов што на пешачки премин  ја прегази Кулакова, Камбовски посочи дека малку е чувствително времето, затоа што предметот во овој момент се наоѓа пред Апелацискиот суд во Скопје.

„Треба внимателно да постапува комисијата, да не створи притисок врз апелациските судови бидејќи тие нормално треба да одлучат по таа првостепена пресуда. Ако е добра ќе ја потврдат. Ако сметаат дека не е во ред, дека постојат одредени повреди на постапката, ќе ја укинат или можеби ќе ја преиначат. Затоа треба комисијата внимателно да изврши увид и откако ќе заврши со увидот, ќе направи свој извештај. Ќе се постапува паралелно. Меѓутоа, убаво би било да внимаваме бидејќи не сакаме да почувствува Апелацискиот суд некаков притисок од наша страна. Доволен е притисокот што веќе го има од јавноста врз тој суд“, истакна Камбовски по денешната седницата на Судскиот совет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ