Не ми е јасно до кога разумните Бугари и ЕУ ќе толерираат ваква малоумна агресивност на бугарски политичар и циркузант.
Оваа калеш копија никако да разбере дека:
Прво: Со емитиција и преземање на други идеи не се станува интересен и дека секоја идеја во позадина треба да има одредена историска, економска или друга основа.
Второ: Која е основата кога овој циркузант тврди дека тој (по чувство Бугарин – иако јас повеќе верувам дека тој е македонски јаничар, црномурна копија на Каракачанов) и ние Македонците имаме заедничко потекло со Бугарите ако научно е докажано дека Бугарите се генетски најблиски до татарскиот народ кој заедно со Хан Аспарух дошол на денешната бугарска територија? Да бидеме на чисто и да ни биде јасно. Се работи за научно докажано истражување на Академик Ангел Голубов од Бугарската академија н науките и Едислава Нешева од катедрата за Генетика на медицинскиот факултет во Софија кои јавно тврдат дека кај денешните Бугари преовладува генот на театарскиот Хан Аспарух – западно азиско потекло.
Генетски, Бугарите се најблиску до Маџарите (Унгарците).
Трето: како е можно да сме исти кога имаме толку многу разлики и спротивности во историјата. Не би сакал да ги набројувам сите разлики помеѓу нив и нас бидејќи со ваквите контрапродуктивни агресивни политички циркузанти воопшто не треба да се комуницира и да им се придава дополнително внимание.
Четврто: Дали вреди и понатаму да му се придава дополнително внимание проценете сами имајќи предвид дека тој постојано изјавува и промовира „насилни изливи на љубов“ кон Русија и поради тоа во Бугарија го добил прекарот„Коста Копејкин“ (по херојот на Гогољ, капетанот Копејкин, кој е познат и како „рускиот Робин Худ“).
И на крајот освен циркузирање што друго можете да очекувате од човек кој сам себеси си го дал претенциозниот прекар – „Татко на нацијата“.
Проф. д-р Јове Кекеновски