сабота, 27 јули 2024
Реакција

Калајџиев: Ватерло за обвинителството во случајот против Жан Митрев

Ватерло за обвинителството, со овие зборови реагира професорот по Кривично право Гордан Калајџиев на епилогот од вчерашното рочиште во случајот против кардиохирургот Жан Митрев за хемофилтрација на пациенти болни од ковид-19.

Објавено на

часот

Сподели

„Ватерло за обвинителството во случајот против Жан Митрев! Гланиот сведок на обвинителството (доктор од друга клиника) сведочеше практично во прилог одбраната. Наводно измамените никогаш воопшто не се сретнале со ‘измамникот’ д-р Жан Митрев. Од самиот почеток на судењето не ми беше јасно како без вештачење јавниот обвинител ќе докаже дека методата на хемофилтрација била помалку ефикасна од она што докторот не им го ни ветувал туку го објаснувал на телевизија. Клучниот ‘доказ’ на јавниот обвинтел сега е квазивештачењето на комисијата на Министерството за здравство кое процесно и не може да биде доказ затоа што е мислење кое нема да може да се тестира пред судот што Законот за кривична постапка изречно го забранува. Се ла ви“, напиша Калајџиев на Фејсбук.

Инаку, на судското рочиште д-р Љупчо Стојковски од клиниката Аџибаден Систина, сведок на обвинителството, меѓу другото рече:

„Многу ми е позната методата на хемофилтрација и ја користам многу одамна пред ковидот. Оваа метода е дел од нефрологијата, но станува дел од лекувањето на тешко болни пациенти на секоја интензивна нега. Ковид како пандемија беше страшен и сите ние лекарите талкавме за да најдеме лек за да им помогнеме на пациентите и да ги спасуваме нивните животи“, рече д-р Стојковски.

Неговото сведочење од одбраната беше оквалификувано како класичен дебакл на обвинението.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ