недела, 19 јануари 2025

Каков ефект има сината светлина врз сонот на децата

Во денешно време, екраните не само што се постојано опкружување на возрасните, туку станаа и секојдневие на децата.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Децата користат екрани во текот на денот за училиште, забава, комуникација и други активности. Покрај предностите, технологијата има и недостатоци, вклучувајќи го и влијанието на технологијата врз квалитетот на сонот.

Спектарот на видлива светлина се состои од различни бранови должини на светлината. Виолетовата светлина има најкратка бранова должина, додека црвената има најдолга. Сината светлина е облик на светлина со кратки бранови што промовира будност и продуктивност. Таа е и клучен регулатор на спиењето и будноста, познат како деноноќен ритам, пренесува Слип фондејшн.

Сината светлина го намалува производството на мелатонин, хормонот кој поттикнува сон. Телото природно го регулира мелатонинот во согласност со циклусот на изгрејсонце и зајдисонце.

Нивото на мелатонин е ниско во текот на денот и се зголемува по зајдисонце, достигнувајќи го својот врв ноќе.

Изложеноста на сина светлина во текот на денот ја подобрува енергијата и спиењето. Меѓутоа, користењето уреди со сина светлина во вечерните часови го нарушува природниот циклус на спиење, намалувајќи го мелатонинот и го отежнува заспивањето.

Децата се почувствителни на светлина од возрасните поради поголемите зеници и почувствителните структури на очите. Истражувањата покажуваат дека вечерната светлина го потиснува мелатонинот двојно повеќе кај децата отколку кај возрасните, а децата пред пубертетот покажуваат поголемо потиснување на мелатонин од адолесцентите.

Спиењето е од суштинско значење за здравјето на детето, намалувањето на изложеноста на сина светлина може да помогне.

Ограничете ја технологијата пред спиење, престанете да ги користите уредите еден час пред спиење и планирајте смирувачки активности како читање или цртање. Отстранете ги уредите од спалната соба за да избегнете нарушување на спиењето.

Децата можат да носат и очила со филтри за сино светло или да го активираат „ноќниот режим“ на уредите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ