сабота, 27 јули 2024

Како можевте да му честитате на вазалот Гаши, реагира Хасани кон претседателката на албанскиот парламент

Пратеникот од ДУИ, лекарот Илир Хасани реагира поради честитката што претседателката на албанскиот парламент Линдита Никола ја упати до Африм Гаши по повод неговиот избор за претседател на Собранието на Македонија. „Тргнавте по стапките на Илир Мета, заколнатиот пријател на ВМРО, не водејќи сметка што беше пролеана албанска крв за Охридскиот договор кој е прекршен со изборот на Гаши и коалицијата со вазалите“, вели Хасани.

Објавено на

часот

Сподели

„Госпоѓо Никола, изборот на Гаши е спротивен на Охридскиот договор за кој беше пролеана крвта на ваши сонародници. Поради вазалноста и нелегитимноста, тој поразен блок е презрен од албанските гласачи во Република Северна Македонија.

Јавно ве прашувам: Дали сте свесни за историската одговорност што ја напавивте со честитката или пак тоа го сторивте по инерција? Имам впечаток дека одите по патот на Мета, заколнатиот пријател на ВМРО.

Ако честитавте само поради учтивост, ќе се обидеме да разбереме“, вели д-р Илир Хасани.

Фото: Линдита Никола

Вчера МКД.мк ја објави честитката од претседателката на Собранието на Република Албанија, Линдита Никола до Африм Гаши, по неговиот избор, посакувајќи соработка меѓу двата парламента.

Пратеникот Илир Хасани веројатно сметаше дека нема да има честитки до Африм Гаши и коалицијата Вреди од официјална Албанија бидејќи на ДУИ повеќе пати ѝ беше укажана поддршка од албанскиот премиер Еди Рама. Од друга страна пак, коалицијата Вреди ја имаше поддршката од косовскиот премиер Аљбин Курти, чија партија Самоопределување со свои членови е инволвирана во Вреди, а за пратеник е избран Беќим Ќоку, стружанец, инаку советник на Курти за соседска политика.

Фото: Илир Мета

Илир Хасани, како што може да се прочита од неговата реакција, не го смета за пријател на Албанците во Македонија поранешниот претседател на Албанија и поранешен претседател на албанскиот парламент Илир Мета, за кого вели дека е заколнат пријател на ВМРО-ДПМНЕ.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ