сабота, 27 јули 2024

Изборот на Гаши го честитаа претседателите на парламентите на Албанија и Косово

Претседателката на Собранието на Република Албанија, Линдита Никола, му го честита изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

„Честитки до новиот претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши. Со верба дека парламентарната соработка помеѓу собранијата на двете земји ќе се унапредува и проширува“, пишува во честитката на Никола.

Изборот на Гаши го честита и Илир Мета, поранешен претседател на албанскиот парламент и поранешен претстедател на Албанија.

 

„Верувам дека со своето парламентарно искуство ќе демонстрира сеопфатно и кооперативно лидерство, без разлика на етничките и политичките разлики, и ќе ги гарантира правата на опозицијата во Собранието и нејзиното целосно учество во институционалниот и демократскиот живот. Албанците, како државотворен фактор, јасно ориентирани од ЕУ и НАТО, имаат клучна улога за меѓуетничката хармонија, стабилност и европската иднина на Северна Македонија“, напиша Мета на Фејсбук.

До Гаши честитки за изборот упатија и лидери на неколку политички партии.

Oд Косово честитка упати претседателот на Собранието, Глаук Коњуфца.

„Срдечни честитки г. Африм Гаши, ќе биде големо задоволство да работиме заедно на продлабочување на соработката меѓу нашите земји, вклучително и на нашите парламентарни институции. Со нетрпение очекувам да работиме за унапредување на нашите заеднички интереси, заедно да придонесеме за одржлива регионална стабилност и евроатлантски интеграции.  Очекувам односите меѓу нашите институции уште повеќе да се консолидираат. Албанците не се само фактор на демографијата, туку и на демократијата  во Северна Македонија“, напиша Коњуфца меѓу другото.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ