четврток, 9 јануари 2025

Како измислен за кај нас: кинески автомобил прескокнува дупки на патот (ВИДЕО)

Билд јор дримс (БЈД) објави видео во кое се прикажува суперспортскиот модел јангванг У9 како се движи без возач и прескокнува разни пречки, вклучувајќи дупки исполнети со вода и шилци на патот.

Објавено на

часот

Сподели

Јангванг е премиум електрична марка на БЈД, а У9 е вториот модел во понудата, по кросоверот У8. Моделот У9 го привлече вниманието на јавноста бидејќи може да плови на вода, додека У9 има систем за амортизација и хидрауличен систем „дисус Икс“ кој му овозможува на автомобилот да скока.

Маркетинг експертите на БЈД отидоа чекор понатаму, објавувајќи видео во кое јангванг У9 вози без возач на тестна патека со брзина од 120 километри на час.

Првата пречка на која наидува е дупка широка 2,5 метри, исполнета со вода. Кога возилото се приближува, подвозјето го лансира возилото преку дупката, а скокот е наводно долг над 6 метри.

Следната пречка е поле со шилци високи околу 3,5 сантиметри. Како и претходно, подвозјето му овозможува на автомобилот да ја прескокне и оваа пречка.

БЈД не објави детали за тестирањето, како тоа кој напреден систем за помош на возачот е користен.

Јангванг У9 беше претставен во февруари 2024 година со цена од 230.000 долари во Кина. Сериското производство и испораките почнаа шест месеци подоцна, во август.

Автомобилот го придвижуваат четири електромотори со вкупна сила од 1.287 коњски сили и максимален вртежен момент од 1.680 њутнметри. Забрзува од 0 до 100 км/ч за 2,36 секунди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ