недела, 2 февруари 2025

Како гром од ведро небо: Далас го прати Дончиќ во Лејкерс, а го добива Дејвис

Шокантен трејд се случува во НБА, Лука Дончиќ оди во Лос Анџелес Лејкерс, а во спротивна насока се сели Ентони Дејвис.

Објавено на

часот

Сподели

Во овој сензационален трејд се вклучени три екипи, покрај ЛА Лејкерс и Далас Маверикс, тука Јута Џез. Покрај Ентони Дејвис Далас го добија и Макс Кристи од Лејкерс, додека Лејкерси ги засилија своите редови со Макси Клебер и Маркиф Морис. Дополнително, Лејкерс добија право на прв пик на драфтот во 2029 година, а Џејлен Худ-Шифино се пресели во Јута, која за возврат доби неколку избори од втората рунда на драфтот.

Според „ЕСПН“ иницијатор за овој трејд бил Далас, претставниците на трите клубови со денови работеле на договорот.

За оваа зделка никој од кошаркарите не бил информиран, па ниту Леброн Џејмс не бил известен дека Лука Дончиќ ќе пристигне во неговиот тим.

Изненаден бил и Лука Дончиќ, Словенецот не очекувал дека Далас ќе го трејда, исто како и Ентони Дејвис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ