четврток, 23 јануари 2025

Како функционира онлајн шопингот: од нарачка до достава

Дали знаевте дека за време на пандемијата на ковид-19 онлајн шопингот во Македонија порасна за 50 проценти? Поточно, разликата меѓу трансакциите направени на продажните места на интернет порасна за точно 50,1 % во споредба со 2019 година  и 2020 година.

Објавено на

часот

Сподели

Оттогаш наваму порастот е постојан, а Македонците прифатија дека светскиот тренд на онлајн шопинг е сосема нормален и функционира во нашата земја. За време на пандемијата граѓаните можеа да купуваат речиси сè преку интернет – од електрични апарати до прехранбени производи и други намирници за домот.

Денес на пазарот секојдневно среќаваме нови онлајн шопинг платформи. Една од нив е Ananas – онлајн шопинг мол, ā на нет. Од самиот почеток, оваа платформа се позиционираше како сериозен провајдер на речиси кој било производ на кој ќе помислите. Со повеќе од 100.000 производи, тие доставуваат до секоја адреса во земјата, во најбрз можен рок.

Но, дали некогаш сте се прашале како функционира онлајн шопингот преку Ananas или некоја од другите светски реномирани компании од ваков тип? Продолжете со читање и откријте ги чекорите со кои нарачката стигнува до вашата адреса.

Информацијата за нарачката стигнува до онлајн платформата

Како купувачи, веројатно ќе поминете извесен период на онлајн шопинг платформата и ќе го пронајдете тоа што ви се допаѓа. Ќе направите нарачка и ќе го исклучите прозорецот на кој купувате, па оттука почнуваат да се движат механизмите што ќе ја донесат нарачката до вашата адреса.

Да речеме дека сте нарачале машина за перење алишта од Ananas. Овој производ можеби веќе се наоѓа на некоја од стотиците полици во џиновскиот магацин на Ananas, лоциран во близина на Скопје. Нотификацијата за нарачката стигнува кај вработените, кои веднаш го гледаат кодот и го пронаоѓаат производот.

Првото нешто што се прави е проверка. Производите се веќе спакувани од производителот, но Ananas ќе се потруди дополнително да ги обезбеди и да се осигури дека ќе останат недопрени при транспортот.

Компанијата за достава го подигнува пакетот

Еден онлајн шопинг мол како Ananas, дневно испорачува илјадници пратки, што значи дека компаниите за достава со кои соработува имаат полни раце работа. Најголем дел од пратките се сортирани според градови и населби, па доставата често ги презема со комбе или камион.

Во зависност од бројот на нарачани производи во моментот и од оддалеченоста на адресата што ја навел купувачот, производот може да стигне во рок од неколку часа до неколку дена.

Исто така, локацијата на различните магацини на компаниите од кои нарачува купувачот може во голема мера да влијаат на времетраењето на доставата. Производите што се нарачани од популарниот Ананас шоп пристигнуваат најдоцна за 48 часа, но ако нарачувате од онлајн продавници со сомнително потекло, овој процес може да трае многу долго, па дури и да не го добиете производот.

online

Доставувачот ви се јавува за да ве извести за пратката

Откако доставувачот ја има вашата пратка следна на списокот за достава, ќе го погледне телефонскиот број што го имате наведено и ќе ве побара за да се осигури дека сте подготвени да ја примите. Доколку не оставите телефонски број, ќе ризикува да не ве најде на адресата што сте ја навеле. Токму затоа најдобро е да го запишете својот телефонски број и да бидете сигурни дека ќе го добиете производот навреме.

Со оглед на тоа што доставувачите се исклучително флексибилни, можете да се договорите за друг термин на достава, различна адреса доколку е тоа возможно или производот во ваше име да го подигне некој трет кому му верувате.

Нарачаниот производ е во вашите раце

Речиси секоја сериозна онлајн шопинг платформа нуди плаќање преку интернет со картичка. Ова е наједноставниот начин да бидете сигурни дека вашите обврски се намирени, но некои компании нудат и плаќање на самото место, односно откако ќе ја добиете нарачката. Одберете ја опцијата што повеќе ви се допаѓа.

Откако е доставен нарачаниот производ, ваше е да уживате во него. Дополнително може да оставите оцена за вашето купувачко искуство, како на самата е-пошта што ја добивате откако нарачката е доставена, така и на разните социјални мрежи.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ