недела, 20 октомври 2024

Кај прилепчанец најдени пушки, бомби, експлозив, изработувал и предмети за извршување на тешки кражби

Објавено на

часот

Сподели

МВР информира дека по претресот со судски налог во Прилеп, пребарана била и викендичката во селото Бешиште каде биле најдени и одземени прачки индустриски експлозив, бавногоречки штапини, детонаторски каписли, ловечка пушка калибар 12мм, делови од ловечка пушка, ловечки патрони калибар 12мм, куршуми од различен калибар, делови од растение канабис, дигитална вага, противпешадиска мина, рачна бомба, куршуми за карабин, една воздушна пушка и друго.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ