среда, 18 септември 2024

Кај Гостивар двајца загинати во судир на камион со патничко возило

Две лица починале од повреди здобиени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Гостивар – Кичево.

Објавено на

часот

Сподели

Во сообраќајката учествувале патничко возило БМВ со регистерски таблици од Демир Капија, управувано од Б.Х. (54) од Гостивар и влекач „сканија” со косовски регистерски ознаки, управувано од А.Т. (60) од Косово. Во несреќата на лице место загинал Б.Х., а сопатникот Т.Р. (53) од Гостивар бил префрлен во ургентниот центар во Гостивар каде им подлегнал на повредите. Возачот на камионот добил телесни повреди“, извести порпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Несреќата се случила на три километри пред Гостивар, во близина на неколку угостителски објекти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ