недела, 22 декември 2024

Кадиров одби да се сретне со разменетите Чеченци

Објавено на

часот

Сподели

Меѓу другото, како аргумент за својата одлука Кадиров рече дека чеченскиот војник никогаш не треба да биде во позиција да биде заробен.

„Изговорите може да бидат различни, но како и да е, воинот мора да докаже дека немал друг избор. Тоа треба да го докаже со враќање на фронтот. Затоа не се сретнав со нив. Ова е прашање на чест не само за секој борец туку и за целата единица и полк каде служат борците. Нека докажат дека не избегнале борба, дека не се плашеле од средба со непријателот и дека не барале можност да го положат оружјето“, рече Кадиров.

Кадиров нагласи и дека му е драго што борците преживеале, без разлика на сѐ.

„Еден час пред апсењето преку радио пријавија дека им снемува муниција. Сепак, секој воин не смее само случајно да пука, туку треба да води сметка за секој куршум и секој метар. Разбирам дека е и моја вина што не беа доволно подготвени за таква ситуација“, изјави чеченскиот лидер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ