среда, 23 октомври 2024

Кадиров: Нова населба во Грозни ќе се вика Владимир Путин

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров на својот канал на Телеграм објави дека нова населба во градот Грозни ќе го носи името на рускиот претседател Владимир Путин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Запознаен сум со напредокот на работите во централниот дел на градот. Овде е започнат голем проект, а кога ќе заврши, ќе имаме нова населба. Ќе го носи името на нашиот народен лидер, најистакната политичка фигура на нашето време, претседателот Владимир Путин“, објави Кадиров на Телеграм, пренесуваат руските медиуми.

Кадиров рече дека областа ќе се наоѓа на површина од над 200 хектари, пишува РИА Новости. Покрај 130 станбени згради, се работи за повеќе од два милиони квадратни метри станбен простор, каде ќе се градат џамии, градинки и други објекти од социјалната инфраструктура.

„Одлуката да се именува нова населба во Грозни во чест на Владимир Путин е донесена како знак на длабоката благодарност на чеченскиот народ и желбата да се овековечи неговото име“, објави чеченскиот лидер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ