вторник, 22 октомври 2024

Кадетите ја победија Данска на ЕП Б-дивизија

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години ја совлада Данска со 70-67 во првиот натпревар од разигрувањето за позициите од 9. до 16. место на Европското првенство Б-дивизија кое се одржува во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Данска подобро го почна мечот и ја доби првата четвртина со 15-8, но македонските момчиња се разбудија во вториот период, направија пресврт и на паузата заминаа со предност од 29-27.

На почетокот од последната четвртина Македонија дојде до водство од 56-40, но Данска во финишот успеа да дојде на само еден негатива, сепак на крајот македонските кошаркари не дозволија пресврт и го добија мечот со 70-67.

Ѓорѓи Цветковски беше најефикасен кај Македонија со 15 поени, додека Оскар Сканинг постигна 16 поени за Данска.

Македонија следниот меч го игра со победникот од дуелот меѓу Португалија и Исланд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ