Штедењето е лесно и достапно кога се има доверба во финансиската институција која управува со средствата. Важно е да се имаат штедни опции кои се прилагодени на различни финансиски потреби. Може да се започне со минимален износ, кој понатаму може да се надополнува. Во УНИ банка имате можност за користење на депозит со фиксна каматна стапка до 3,9% за 36 месеци во денари.
Со Депозит фикс на УНИ банка можете да штедите прилагодено на вашите потреби и можности. Да го следите растот на депозитот преку електронско и мобилно банкарство, да вршите дополнителни вложувања во секое време ОНЛАЈН! За депозит во износ повисок од 1.000.000 мкд, имате можност за стимулативна каматна стапка.
Во УНИ банка штедењето не е само обичен финансиски потфат туку значи финансиска слобода и сигурност. Секоја заштедена сума е камен-темелник на идните планови, било да се работи за дом, образование или само заштита од неочекувани предизвици. Во свет исполнет со неизвесност, важно е да се има сигурна банка каде што заштедите може да растат, и да се има сигурност. Секој чекор кон штедењето е инвестирање во подобра иднина.
Една од најважните придобивки на штедењето во УНИ банка е сигурноста која се добива. Банката е дел од системот за осигурување на депозити во Македонија, кој 100% покрива штедни сметки до 30.000 евра. Ова значи дека вашите средства се сигурни и обезбедени. Исто така добрите финансиски резултати на Банката, 31 годишното искуство и знаење, изградената доверба, континуитетот во воведувањето банкарски иновации, влијаат денес УНИ банка да се перцепира како сигурна, динамична и современа банка, одлично место за штедење.
Депозит фикс на УНИ банка – затоа што мудрите одлуки носат стабилна иднина!
Комерцијален текст