понеделник, 21 октомври 2024
Јавен повик за „Успешни млади“

Кабинетот на Пендаровски ги повикува младите да аплицираат за проектот кој го вреднува трудот и знаењето

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, јавниот повик за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ за 2022 година е отворен од денеска и ќе трае до 01 октомври 2023 година.

„Признанието е поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите, за резултати постигнати во текот на 2022 година, во следните осум категории: најдобар/а  млад/а научник/чка во општествените науки, во хуманистичките науки, во природно-математичките и техничките науки, во медицинските науки, најдобар/а млад/а иноватор/ка, млад талент (за ученици и ученички од средните училишта), признание за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата (за млади со попреченост) и најдобар/а млад/а уметник/чка“, се појаснува во соопштението.

Јавниот повик ги опфаќа сите лица што заклучно со 2022 година навршуваат 35 години, а кои постигнале значајни резултати во соодветната категорија, освен за шестата категорија (млад талент) за која можат да се пријават само ученици и ученички од средните училишта.

Јавниот повик во којшто детално се наведени условите и начинот за доставување на пријавите е достапен на веб-страницата на претседателот на Македонија. 

„Препознавајќи ги социо-економските предуслови на поединците како значаен фактор во пристапот и можностите за образование и професионален напредок, со овој повик особено ги охрабруваме сите млади кои припаѓаат на ранливи категории да поднесат апликации за признанието ‘Успешни млади’ “, се наведува во соопштението од Кабинетот на Претседателот на државата. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ