„По однос на оркестрираниот политички напад врз вд Директорката на ЈЗУ Козле Др Каролина Симоновска, јавноста треба да знае дека секое лекарско однесување надвор од лекарската етика а особено при извршување на оперативен зафат на малолетно лице , мора да се санкционира како не би настанале полоши последици за кои потоа доцна би било било каква реакција. Дрското однесување и попречување на работата е недозволено и мора да биде санкционирано без оглед за кого се работи“, се наведува во реакцијата на ЈЗУ Козле.
ЈЗУ Козле: Секое лекарско однесување надвор од лекарската етика мора да се санкционира
Секое лекарско однесување надвор од лекарската етика, а особено при извршување на оперативен зафат на малолетно лице, мора да се санкционира, се вели во реакцијата на Клиниката за за респираторни заболувања кај децата Козле, откако претходно денеска лекарскиот колегиум преку протестно писмо побара разрешување на в.д. директорката каролина Симоновска.
Објавено на
часот