Јапонската крајбрежна стража соопшти дека примила повик за помош од танкер кој почнал да се навалува поради невремето кај јапонскиот остров Хоншу, на околу 1.000 километри од Токио.
Кога крајбрежната стража пристигнала на местото на несреќата, бродот целосно бил превртен, а на снимката на јапонската државна телевизија НХК се гледа како бродот лежи наопаку.
A South Korean tanker overturned near a southwestern Japanese island early on Wednesday morning
Japan’s Coast Guard reported the successful rescue of four crew members and ongoing efforts to locate the remaining seven who are currently unaccounted for. pic.twitter.com/4SjeiuQQyN
— Dan Mutungi (@dannmuts) March 20, 2024
На бродот имало 11 членови на екипажот, од кои девет биле пронајдени. Еден член на екипажот за кого е потврдено дека е жив е од Индонезија, додека крајбрежната стража сè уште трага по други двајца. Засега не е позната состојбата на уште едното лице кое е пронајдено.
Телевизијата НХК објави дека во екипажот имало државјани на Кина, Јужна Кореја и Индонезија, додека капетанот на бродот бил Јужнокорејец. Бродот пловел од јапонското пристаниште Химеџи до Улсан во Јужна Кореја.
Танкерот превезувал 980 тони акрилна киселина, безбојна течност со остар мирис што се користи за производство на плексиглас. Надлежните велат дека не се откриени протекувања, а се проучуваат мерките за заштита на животната средина кои би можеле да се спроведат во случај да дојде до истекување.