недела, 22 декември 2024

Јужна Кореја: Северна Кореја истрела повеќе крстосувачки ракети кон Јапонското Море

Северна Кореја утрово истрела повеќе крстаречки ракети кон Јапонското Море, соопшти јужнокорејската војска. Станува збор за уште еден во серијата тестови на оружје што Пјонгјанг ги спроведе оваа година.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нашата војска денеска во 9 часот забележа неколку непознати крстаречки ракети во водите североисточно од Вонсан, а јужнокорејските и американските служби започнаа детална анализа“, соопшти јужнокорејскиот генералштаб. Во соопштението се додава дека јужнокорејската војска „ќе го зголеми надзорот“ и „внимателно ќе ги следи сите знаци на дополнителна активност на Северна Кореја“.

Во понеделникот Пјонгјанг објави дека тестирал нов контролен систем за повеќекратен ракетен фрлач, кој има намера да го користи за значително зајакнување на одбранбените способности. Северна Кореја, која има нуклеарно оружје, оваа година ја прогласи Јужна Кореја за „главен непријател“, ги затвори агенциите посветени на обединувањето и се заканува со војна за каков било влез на територијата.

Пјонгјанг го засили тестирањето на воената опрема, тестирајќи го особено она што го опишува како „подморски нуклеарен систем на оружје“ и хиперсонични балистички ракети на цврсто гориво. Војската на Северна Кореја оваа година лансираше серија крстосувачки ракети, оружје за кое аналитичарите се сомневаат дека може да биде испратено во Русија која ќе го користи за војната во Украина.

Пјонгјанг и Москва ги зајакнаа своите врски во последните месеци, Ким Џонг Ун, кој ретко патува, во септември ја посети Русија и се сретна со претседателот Владимир Путин. Јужна Кореја и САД тврдат дека Северна Кореја, и покрај санкциите на ОН, испраќа оружје во Русија, веројатно во замена за техничка помош за програмата на шпионски сателити.

За разлика од тестовите на балистички ракети, сегашните санкции наметнати на Пјонгјанг од ОН не забрануваат тестирања на крстосувачки ракети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ