Началникот на Генералштабот на Јужна Кореја (ЈЦС) соопшти дека се испукани предупредувачки истрели и емитувани предупредувања за да избрка севернокорејски патролен брод кој ја прекршил северната гранична линија НЛЛ или поморската граница.
„Нашата војска одржува одлучно борбено држење додека ги следи движењата на непријателот како подготовка за потенцијални провокации поврзани со прекршување на НЛЛ од страна на севернокорејските патролни бродови“, соопшти денеска ЈЦС.
„За време на операциите, јужнокорејскиот патролен брод дошол во помал контакт со блискиот кинески рибарски брод поради слабата видливост, што не резултирало со безбедносни проблеми, но членовите на екипажот на Јужна Кореја биле полесно повредени, додаваат од ЈЦС.
Упадот на севернокорејскиот брод доаѓа откако се разгореа тензиите поради зголемената воена активност на Северна Кореја во последниве недели, вклучително и тестирањето на новата интерконтинентална балистичка ракета со цврсто гориво во петокот, за која експертите велат дека ќе го олесни лансирањето на ракетите без предупредување.