петок, 25 октомври 2024

Јужна Кореја и САД започнаа воени вежби

Војските на Јужна Кореја и Соединетите Држави денеска ги започнаа пролетните вежби со двојно поголем број војници во споредба со минатата година, соопштија официјални лица, додека сојузниците се обидуваат да се подготват за подобро да се спротивстават на се поголемите нуклеарни и ракетни закани на Северна Кореја.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вежбите „Штит на слободата“, закажани од 4 до 14 март, доаѓаат во време кога Северна Кореја продолжува да ги развива своите нуклеарни капацитети со тестирање на проектили и друго оружје. Тие исто така ќе бидат први откако Пјонгјанг во ноември го укина меѓукорејскиот воен договор од 2018 година.

Сојузничките воздухопловни сили, исто така, ја започнаа петдневната годишна вежба Сангмаи на ниво на баталјон, соопшти денеска Министерството за одбрана во Сеул.

„Штит на слободата“ ќе вклучува двојно поголем број војници од двете страни во споредба со минатата година, а комбинираната теренска обука ќе вклучува воздушни удари и воздушни напади, објави началникот на здружениот штаб на Јужна Кореја.

Вежбите првенствено имаат за цел да ги неутрализираат нуклеарните закани на Северна Кореја, вклучително и идентификување и погодување крстосувачки ракети, за кои Пјонгјанг посочи дека можат да носат нуклеарни боеви глави, рече портпарол полковник Ли Сунг-Џун.

Сценариото за нуклеарен напад ќе биде интегрирано во летните вежби, додаде тој.

Пјонгјанг луто реагираше на сојузничките вежби, нарекувајќи ги проби за нуклеарна војна. Сеул и Вашингтон велат дека вежбите се одбранбени и одговор на заканите од Северна Кореја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ