Болоња дојде во водство во 30. минута со гол на Ндоје. Тоа беше единствениот погодок во првото полувреме.
По само седум минути игра во второто полувреме Побега даде гол за водство на Болоња и од 2-0.
Во 62. минута Копмајнерс го намали водството на Болоња на 2-1 и го врати Јувентус во игра.
Се чинеше дека Болоња ќе дојде до победата, но тогаш по една убава акција, Мбангула даде гол за конечни 2-2.